За Нас

Буларт Констракшн е градежна фирма која се занимава со изведување на завршни работи во градежништвото, обработка на дрво, изработка на монтажни куќи и сите видови на бондручни градби, по прицнип “клуч на рака“. Лоциран во с. Смилковци, производниот погон се протега на површина од 1000м2, опремен со низа машини кои служат за груба и фина обработка на дрво, како и за произведување на полу-префабрикувани и целосно фабрикувани елементи за изведба на нарачаните објекти. Во рамките на производниот погон се наоѓа и административно-проектантскиот дел, кој служи за примање на странки, разработка на проекти и тековно следење на производниот процес. Нашата фирма од почетокот на своето постоење е посветена на квалитетна изработка и целосно пресретнување на Вашите потреби. Главната заложба на нашата фирма е промовирање на дрвото како природен, евтин и обновлив градежен материјал, кој воедно е нераскинлив дел од македонската градителска традиција. Преку постојаната заложба за градење на еколошки и енергетски ефикасни објекти, Буларт Констракшн има за цел да придонесе кон поквалитетен живот на самите корисници а воедно да придонесе кон зачувување на природата, обезбедувајќи поубава иднина за сите. Буларт Констракшн нуди квалитетна и брза изработка на сите завршни работи во градежништвото, како и молерски услуги, електрика, водовод, изведување на санитарни чворови и други занаетчиски услуги достапни за потребите на Вашиот дом или Вашиот деловен простор.Буларт констракшн изработува идејни решенија за сите видови објекти од 4 и 5та категорија, како и ентериерни решенија за веќе изведени објекти. Решенијата се презентираат низ технички цртежи и соодветни просторни визуелизации.
Во рамките на возниот парк на Буларт Констракшн се наоѓа и камионот Мерцедес 1317 со хидрауличен кран HIAB 100, со домет од 9 метри, и носивост од 500кг/9м.
Покрај опслужување на потребите на фирмата, достапен е за извршување на работа која Вам ви е потребна. Буларт Констранкшн нуди кроење и обработка на сопствена и Ваша граѓа, по зададена спецификација на димензиите и начинот на обработка на елементите. Како дополнителна услуга, нашата фирма нуди анализа на кровни конструкции со детална спецификација на сите потребни елементи за нивна изведба.