Галерија на објекти

Куќи


Куќа, Злокуќани

Овој објект претставува семејна куќа на два спрата со површина од околу 160м2. Приземјето е резервирано за дневниот престој кој е придружен со кујната, трпезарискиот простор, и комотна наткриена тераса. Покрај тоалетите како дополнителна функција во приземјето се појавува и работна соба која може да се користи и како гостинска. Второто ниво е целосно посветено за семејството, со три спални соби од кои родителската има сопствена бања и сопствена тераса. На вториот спрат има уште една заедничка тераса со поголема површина, покриена со пергола. Минималистичката естетика и нагласениот модерен израз е во целосна согласност со филозофијата на монтажните куќи: брзина на изведба, квалитет, убавина и максимален комфор, но и во согласност со потребите на едно модерно семејство.


Куќа, Булачани


Овој објект претставува мала куќарка за одмор и работа. Бруто површината на објектот е 25м2. Во површина е вклучен и покриениот трем од 5м2. Помалите едноспратни објекти се уште полесни и побрзи за монтажа. Прицнипот за паралелна изработка на бетонските и дрвените работи и тука важи. Оформувањето на конечниот габарит од дрвени елементи може да се изведе и за еден ден. Во зависност од обликот и големината, постои можност целата конструкција на еден помал објект да се направи во работилница, и како целина со кран да се монтира на бараната локација. Ова навистина го крати времето на изработка, но и ги ограничува обликовните можности.


Куќа, Гази Баба


Овој објект претставува семејна куќа, која има подрум, приземје и потрковје. Бруто габаритот во основа е од околу 62м2. Бетонскиот фундамент во кој се наоѓаат подрумските простории се работи независно од дрвениот дел. Паралелната изработка на две различни фази штеди време и ресурси, што е една од главните предности на монтажните куќи од дрво. По завршувањето на бетонскиот фундамент, претходно подготвените дрвени елементи се монтираат на бетонската подлога, и за кратко време се оформува конечниот габарит на објектот. Нема произведување на отпад и градежен шут. Сите остатоци од дрвениот материјал што се користи за изградба на куќата може да се рециклира.


Доградба, Радишани
Куќа, Радишани
Куќа, Радишани
Куќа, Радишани
Куќа, Ајватовци
Куќа, Пинтија
Надградба, Козметички салон
Куќа, Усје
Куќа, Пинтија
Куќа, Соње
Куќа, Ума
Куќа, Побожје
Куќа, Усје
Тениски Клуб, Борис Трајковски
Брвна
Објектот е предвиден за планински викенд престој.
Куќа, Ѓорче Петров




Изведена е дрвена меѓукатна конструкција и надграден цел спрат од околу 48м2, со дополнителна тераса и надворешни скали. Најчесто нема потреба од изведување на носечка конструкција, а дури и да е потребна, најчесто е подискретна и не бара поинтензивни градежни зафати.


Куќа, Соње




Куќата е наменета за постојано живеење на 4 члено семејство. Просториите за дневен престој се сместени на првиот кат, додека спалните соби се сместени во поткровниот простор. Пред влезот на куќата има широк трем, додека од страната на објектот, кровот е испуштен и формира наткриен простор за автомобил.


Викенд куќа, Соње


Овој објект претставува мала куќарка за одмор. Бруто површината на објектот е околу 20м2 и содржи мало купатило, мала кујна и еден дневен престој. Објектот на предната страна е обиколен со широка тераса која е со површина од 20м2 односно е голема скоро колку и самиот објект. Широката тераса со настрешница ја прави идеална за престој во летните денови, го разбива инаку малиот и еднноставен волумен, и придонесува за пораскошен изглед на оваа викенд куќа. Ваквите мали објекти се навистина брзи и едноставни за монтажа и потребни се само неколку недели за целосно завршување на објектот.


Куќа, Орешани




Објектот се наоѓа во Орешани, Скопско. Претставува комбинација на челична и дрвена конструкција, наменет претежно за сезонски престој. Во периодите кога во објектот не престојува никој, постои можност отворите целосно да се затворат со дрвени лизгачки капаци, со што прозорските површини се обезбедуваат од механичко оштетување, и се подобрува безбедноста на целиот објект воопшто.


Куќа, Штип



Објектот се наоѓа во околина на Штип, предвиден за викенд престој. Просториите се сместени на две нивоа; првото ниво е за дневен престој со една гостинска спална соба, додека на второто ниво се сместени две засебни единици со спална соба, бања и дневен престој. На второто ниво има голема тераса на која корисниците ќе можат да уживаат во прекрасниот поглед. Внатрешноста и надворешноста на објектот се целосно обработени со дрво. На барање на инвеститорот, влезната партија е дополнително доработена, и прекриена со лачни носачи од лепено ламелирано дрво.


Куќа, Ресен




Објектот се наоѓа во Ресен, проектиран како постојано живеалиште за повеќечлено семејство. Функциите се сместени на две нивоа: на долното ниво е дневниот престој, кујна со трпезарија и гостинска спална соба, додека на спратот се спалните соби на семејството, со широк претпростор, кој може да се користи како посебен дневен престој за второто ниво.


Куќа, Гевгелија




Куќата се наоѓа во околината на Гевгелија, наменета главно за сезонски престој. Во согласност со желбите и потребите на инвеститорот, куќата има голем влезен трем, и голема дневна соба,со минимална кујна, две спални соби и мала бања. Надворешната обработка е со обла ламперија со цел објектот максимално да се втопи во опкружувањето.



Куќа
Куќа
Куќа, Визбегово
Надградба, Сингелиќ
Надградба, Тафталиџе
Надградба, Тетово
Куќа, Ѓорче
Куќа, Лешок
Куќа, Маџари
Куќа, Влае
Оваа повеќесемејна станбена зграда се наоѓа во нас.Влае, на локација која формира агол на станбен блок. Во објектот се сместени 4 станбени едници, по две на секое ниво.
Куќа, Лисиче
Сместен во населба Лисиче, овој објект претставува индивидуален станбен објект за четиричлено семејство. Димензиониран според потребите на семејството, овој објект содржи три спални соби, бања, гостинско WC, голема дневна соба која заедно со кујната излегуваат на пространа тераса.
Куќа, Маџари

Ресторани


Ресторан Дебар Маало
Ресторан Албанија
Ресторан Авни



Мотели



Од 3D проект до реализација

Мотел Етно Село, Куманово




Бунгалови

Киосци

Стражарници





Салони

Саемски Штандови

Павиљони




Структура на ѕидови


Понудени се неколку основни начини на изведба на фасадни и преградни ѕидови, кров и меѓукатна конструкција.

Структурата на деталите понудени на сајтот може да се менува и да се комбинира во зависност од желбите и можностите на инвеститорот.

Цената на објектите се пресметува во зависност од деталите кои ќе ги одберете.