Објекти

Буларт Констракшн врши проектирање и изведба на куќи, викенд-куќи, ресторани, мотели како и најразлични помали објекти за индивидуална или општа употреба. Главното поле на делување се индивидуалните станбени објекти, надградби (поткровја) и доградби на постоечки објекти. Секој проект се разработува посебно, во зависнотст од барањата на инвеститорот. Конструктивниот систем најчесто е стандардизиран како крупнопанелен, но во зависност од специфичноста на барањата, можни се и отстапки од стандардизираниот начин на градба. Во тој случај се применуваат соодветни конструктивни решенија кои треба да ги задоволат функционалните барања на објектот.

Галерија