Производи

Градежна столарија



Внатрешни скали

Буларт Констракшн изработува внатрешни скали од масивно дрво во најразлични форми и димензии, во зависност од естетските побарувања и просторот во кој треба да се изведат скалите. Постои можност за изработка на газишта и ограда, на веќе постоечка скалишна конструкција.

Прозори

Изработуваме фиксни и отклопни прозорци и прозорски врати од масивно дрво, со стандардизирани димензии или по мерка на нарачателот.

Врати

Изработка на влезни и внатрешни врати од масивно дрво со стандардизирани димензии или по мерка на нарачателот.



Настрешници и перголи




Буларт Констракшн изработува настрешници и декоративни перголи во сите димензии и облици, во зависност од Вашите потреби. Настрешници за автомобили, настрешници за ресторани и кафулиња, настрешници над влезни партии, настрешници над тераси, се само дел од палетата на настрешници кои ги изработуваме.
Перголите се еден од најубавите естетски надополнувања на домашните базени. Покриени со лесни платна или транслуцентни материјали, обезбедуваат полусенка и благопријатен амбиент во кој може да уживате дури и при нај јакото сонце. Оваа пергола е со површина од околу 30тина метри квадратни, со масивни дрвени столпци подигнати на цоклиња, кои во исто време наткриваат и пристапни скали, со што се оформува раскошна целина околу базенот.



Градежна опрема



Буларт Констракшн нуди разновидни решенија за опремување на Вашите дворови. Од палетата на градинарска опрема може да одберете:

  • Летниковци
  • Палуби
  • Градинарски мебел
  • Детски игралишта
  • Шупи за алат
  • Куќарки за домашни миленици

Овие производи се изработуваат во најразлични количини и димензии, во зависност од желбите на инвеститорот.

Летниковците од дрво се вистински избор за оплеменување на дворот. Тие се едноставни и брзи за изведба, а за разлика од летниковците изработени од челик, се многу потопли и естетски поприфатливи за уредување на дворот.



Паркови

Летниковци

Градинарски мебел

Огради

Шупи за алат

Куќарки за домашни миленици




Ламелирани носачи




Буларт Констракшн врши изработка на лепени ламелирани носачи со максимална должина од 10 метри и максимален пресек од 20cm x 60cm.

Се изработуваат и виткани носачи, до определени радиуси.